И Нојер се навикнува на Барса без Меси: Ќе биде чудно

Барселона и Баерн Минхен треба да го оправдаат дербито во првото коло во Лигата на шампионите со возбудлив дуел на „Камп ноу“. Каталонците првпат по повеќе од 15 години ќе ја почнат европската сезона без клупската легенда Лионел Меси, на што и капитенот на Баварците, Мануаел Нојер, се обидува да се навикне.

„Не само нам, туку на секоја екипа која игра против Барселона ѝ е чудно што Меси го нема на противничката страна. Тоа не значи дека ќе влезам порелаксирано во мечот, Барса има и други опасни играчи. Во ваква ситуација одговорноста ќе биде подеднакво поделена, односно ќе играме против доста променета екипа“, посочи Нојер.

Германскиот чувар на мрежата се наврати на последниот меѓусебен дуел од пред две сезони, кога Баерн ги демолира Каталонците со 8-2, па потоа стигна до титулата во најпрестижното натпреварување.

„Секако дека натпревари од тој тип не се забораваат, но сега ситуацијата е сосема поразлична. Тој меч за нас беше како финале, а сега ќе се сретнеме двапати во групната фаза“, додаде Нојер.

Дербито е закажано за утре во 21 часот.

- Оглас -

Најнови вести