Ливерпул добро ја започна сезоната во Премиер лигата и со три победи и едно реми покажа дека е во одлична форма. Единствена лоша работа во досегашниот дел од сезоната е страшната повреда која му се случи на талентираниот Харви Елиот.
Тинејџерот кој треба да биде иднина на клубот, на дуелот против Лидс заработи скршеница на ногата. По еден дуел со Паскал Страјк, Елиот остана во болки да лежи на теренот.
Играчот на Ливерпул синоќа беше опериран и според првичните проценки, Елиот нема да може да се врати на теренот пред почетокот на вториот дел од сезоната во Премиер лигата. Елиот минатата сезона ја помина како позајмен играч во Блекбурн и имаше седум голови и 11 асистенции.