Еден удар, и тоа неконтролиран високо над голот на Мињоле, што го упати Лионел Меси ги откри сите слабости на францускиот дрим-тим, Пари Сен Жермен.
Популарните Светци воопшто не изгледаа непобедливи на „Јан Брејдел“ во Бриж, иако сè уште се меѓу главните фаворити за титулата во Лигата на шампионите.
Бриж успеа да остане непоразен, ремизираше 1:1, а има и подобар ефект во главните статистички категории. Еден од главните хајлајтси на мечот беше и „рогањето“ на Меси далеку од голот на Мињоле.
Во ситуација во која ретко промашува големото засилување на ПСЖ ја испрати топката високо на трибините зад голот на Бриж и покажа дека и нему и на останатите играчи на францускиот дрим-тим им треба уште време за да се навикнат меѓу себе.
Меси го одигра вториот меч за ПСЖ откако летово пристигна од Барселона без отштета и сè уште го чека првиот гол во новиот клуб.