Нејтан Аке, одбранбениот фудбалер на Манчестер сити, објави дека синоќа неколку минути по неговиот гол против Лајпциг, починал татко му.
Таткото на Аке подолго време бил тешко болен, секој ден се очекувало да испушти душа. За жал, тоа се случи синоќа, баш кога синот постигна гол на меч од Лигата на шампионите.
„Изминатите неколку недели ми беа најтешки во животот. Татко ми беше многу болен и веќе никакви третмани не помагаа. Вчера го дадов својот прв гол во ЛШ, а само неколку минути подоцна, тој почина. Мајка ми и брат ми беа покрај него. Можеби така е судено. Знам дека секогаш ќе бидеш покрај мене, секогаш ќе бидеш во моето срце тато“, напиша Аке.
Таткото на Аке е од Брегот на Слонова Коска, но Нејтан одбра да игра за репрезентацијата на Холандија, земјата од која е неговата мајка и држава во која татко му мигрирал, па и фудбалерот е роден во Холандија.