Новата сезона во македонската кошаркарска лига почнува на 2 октомври, а денеска на заеднички состанок со претставниците на раководството на Федерацијата и Здружението на прволигашите беше извршена ждрепката за новата натпреварувачка сезона 2021/2022.
Двојки во првото коло се: МЗТ Скопје Уни Банка – Работнички, Еуро Никел 2005 – Гостивар, Пелистер – МЗТ Скопје Аеродром, Куманово 2009 – Ангели, Феникс 2010 – Нaвико Академија ФМП и Кожув – ТФТ.
Секако, најголемо дерби е дуелот во Битола, во кој силите ќе си ги одмерат двата македонски претставници во АБА 2 лигата.