Техничката служба на Динамо Загреб потфрли во пресрет на натпреварот од Лигата на Европа помеѓу Модрите и Вест хем. Пред натпреварот, капитените си разменуваат знаменца, а Аријан Адеми, кој ја има капитенската лента во хрватскиот првак, на колегата Деклан Рајс му даде знаменце со голема грешка.
На горниот дел пишуваше дека ова е натпревар од групната фаза од Лигата на шампионите, што секако не е точно. Изгледа некој во Динамо толку многу посакува загрепскиот тим да биде дел од ЛШ, што направил ваков кикс, а никој не забележал дека има техничка грешка.