Алегри го „пецка“ својот бивш тим: дербито е поважно за Милан отколку за Јувентус

Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри, верува дека дуелот помеѓу Јуве и Милан, е поважен за Росонерите отколку за неговиот тим. После три кола во Серија А, Јуве има само еден бод, а Милан собра максимални 9.

„Ова е еден од најважните натпревари сезонава, но за нив ќе биде поважен отколку за нас. Милан напредуваше претходните две сезони, подолго време се заедно, играа добро против Ливерпул, покажаа карактер“ – изјави Алегри кој во минатото го тренираше и Милан.

Алегри не знае дали ќе може да смета на Федерико Кјеза, а кај Милан ќе ги нема Ибрахимовиќ и Жиру.

„Имав среќа да го тренирам Ибра, тој уште е клучен играч. Не е лесно да се победува кога ги немате најдобрите играчи во составот. Лесно се губат бодови во лигата, но може лесно и да се надоместат. После паузата во ноември ќе направиме анализа на направеното, мислам дека тогаш Јуве ќе биде на поинаква позиција од сегашната“ – вели Алегри кој потврди дека Де Лихт кој беше стартер против Малме, вечер против Милан ќе биде резерва.

„Тој уште е млад. На негови години, Кјелини не беше толку добар, подоцна стана тоа што е. Потребно е време“ – заклучи Алегри.

- Оглас -

Најнови вести