Академија Пандев како лидер на табелата ќе гостува во Битола на Пелистер, тим кој е на дното со само еден бод од шест одиграни меча. Струмичани се полни со самодоверба дека може да ги освоијат трите бода, додека Пелистер треба да покаже дека, посебно на свој терен нема лесно да губи бодови. Според коефициентите во Sport Life, гостите се во улога на фаворит за освојување на трите бода.
Со гостински плен од три бода се очекува да се врати и Шкендија во дуелот со Скопје, но тоа сигурно нема да биде воопшто лесно. Скопје на свој терен одигра два меча во кои не прими ниеден гол, додека Шкендија во три гостувања сезонава има три нерешени резултати.
Во останатите мечеви кои се играат денеска со почеток од 15 часот ќе се сретнат: Брегалница – Тиквеш, Македонија Ѓорче Петров – Работнички, Ренова – Струга и Шкупи – Борец. Сите натпревари ги има во понудата на Sport Life.