Кристијано Роналдо продолжува да ги тресе противничките мрежи во дресот на Манчестер јунајтед. Португалецот на мечот со Вест Хем дојде до четвртиот гол во дресот на „црвените ѓаволи“, а резултатот по првото полувреме е 1:1.
Најпрвин „чеканите“ поведоа преку Саид Бенрахма во 30. минута, додека на пет минути пред истекот на регуларните 45, Роналдо остана сам со домашниот голман, и успеа да го совлада од „втора“. ВАР проверуваше дали е офсајд, но, потоа голот беше признат.
https://www.youtube.com/watch?v=iagk5d_VJYE