Синот на англиската фудбалска легенда Дејвид Бекам, Ромео, синоќа го запиша својот дебитантски настап во професионалната фудбалска кариера. Ромео кој има 19 години, член е на Форт Лодердејл, тим кој се натпреварува во американската Лига 1 (втора по ранг лига во САД), а на дуелот против Тормента кој заврши 2-2, на терен мина 79 минути.
Клубот Форт Лодердејл е филијала на Интер Мајами, клуб чиј сопственик е токму Дејвид Бекам. Инаку, за Форт Лодердејл игра и Харви Невил, синот на некогашниот соиграч на Бекам од златните денови на Манчестер јунајтед, Фил Невил.