Балкански скандал во Германија: Костиќ му побегна на Фали Рамадани, бил советуван да штрајкува

Филип Костиќ бил советуван од својт менаџер Фали Рамадани да штрајкува и да не тренира во Ајнтрахт Франкфурт за да изнуди трансфер во Лацио, а целиот скандал го обелодени германскиот „Билд“.

Српскиот репрезентативец остана во Ајнтрахт, но одлучи да се раздели со менаџерот, кој е роден во Македонија и е еден од најпознатите во светот на фудбалот.

„Некој ми должи извинување, но сега и не можам да мислам на тоа. Пред мене е долга сезона и морам да се фокусирам на фудбалот“, напиша Костиќ на социијалните мрежи.

Германскиот „Билд“ објави дека 28-годишниот српски репрезентативец бил советуван од Рамадани да штрајкува и да не тренира во летниот подготвителен период за да направи притисок врз раководството на германскиот клуб и да добие дозвола да се пресели во Лацио.

Костиќ има актуелен договор со Ајнтрахт до 2023 година, очигледно не го послушал советот на својот менаџер и веќе не соработува со Рамадани и неговата агенција „Лијан спорт“.

Рамадани има неколку познати фудбалери под своја капа и како менаџер ги застапува интересите на Лерој Сане од Баерн, Анте Ребиќ од Милан, Лука Јовиќ од Реал Мадрид и уште неколку светски познати играчи.

 

 

- Оглас -

Најнови вести