Познато е дека екипите кои ги води Пеп Гвардиола, секогаш имаат голем посед на топката, сакаат да го контролираат натпреварот, но често се случува таа доминација во поседот да биде јалова.
Таков пример имаше во првите 25 минути од вечерашниот меч помеѓу Манчестер сити и Вајкомб во Лига купот на Англија. Актуелниот англиски првак во првите 25 минути, имаше дури 84 отсто посед, но гостите сензационално водеа со 1-0 и имаа предност од 2-1 во директни шутеви кон голот.
Дека во фудбалот се бројат головите, фудбалерите на Сити брзо се сетија по примениот гол, па со погодоци на Де Бројне, Марез и Фоден имаат 3-1 по првото полувреме и блиску се до пласман во осминафиналната рунда.