Вардар 1961 и на вториот натпревар сезонава во ракометната Лига на шампиони не може да смета на Борко Ристовски и Анте Кудуз, но во составот ќе бидат Оливие и Кевин Њокас, како и Јан Чувара. Мечот со Мешков Брест се игра вечерва во СЦ „Јане Сандански“ со почеток во 20.45 часот.
По нерешените 27-27 со Елверум на гости, Црвено-црните со поддршка од трибините ќе се обидат да го совладаат белорускиот тим, кој во првото коло загуби од Кил со 30-33. Комитите се големиот плус за македонскиот шампион.