Со победите на Шкендија, Борец и Шкупи, се комплетира составот на екипи кои ќе учествуваат во осминафиналето на Купот на Македонија. Во 16-финалето имаше 14 мечеви и на сите 14 триумфираа гостите. Во осминафиналето директно влегоа финалистите од минатата сезона, Академија Пандев и Силекс.
Денеска Шкендија со 2-0 славеше против Кит-Го Пехчево, Борец со 4-1 го надигра Њу старс, а Шкупи со минимални 1-0 победи кај Велешта.