Барса го гледа спасот од кризата во „турскиот“ Чави (ВИДЕО)

Суперталентираниот Емре Демир е нов фудбалер на Барселона. Станува збор за играч кој настапува за Кајсериспор и кој има 17 години, а за него каталонскиот гигант плати 2 милиони евра, додека договорот е потпишан до 2027 година.

Демир, кој игра во средниот ред, најпрвин ќе се приклучи во „Ла Масија“, каде што ќе настапува за вториот тим на Барса, а доколку сè оди според планот, тој треба да биде една од ѕвездите во иднина, додека во својата држава го нарекуваат турскиот Чави.

За Кајсериспор, младата ѕвезда дебитираше дури на 15 години, а на 31 натпревар забележа три погодоци.

 

- Оглас -

Најнови вести