Ето: Доаѓа нов фудбалски „бог“

Самуел Ето своевремено беше еден од најдобрите напаѓачи во светот. Некогашниот ас на Барселона, Интер, Челзи и многу други клубови даде интересна изјава за медиумите откако беше прашан кој е најдобар фудбалер во историјата.

„Има само неколку фудбалски богови, а Аргентина даде два. Еден е Диего Марадона, кој почива блиску неговиот татко, а другиот е Лео Меси. Јас сум благословен што ја имав таа можност да играм со него, а жалам што не можев да играм со Диего, но тој беше мој идол.

Кристијано Роналдо е уште еден бог во фудбалот. Заедно со Меси се двајцата фудбалери кои поставија највисоки стандарди, но кога тие ќе се пензионираат. Тогаш нов ‘бог’ во фудбалот ќе биде Килијан Мбапе“.

Во својата кариера Ето има постигнато 293 погодоци на 587 натпревари, а своите најблескави моменти во кариерата ги имаше во Барселона, а подоцна и во Интер, откако беше дел од „трампата“ во која беше вклучен и Златан Ибрахимовиќ.

- Оглас -

Најнови вести