Селија Кастедо Монастерио е приведена и е осомничена како една од главните виновници за падот на авионот на 28. ноември во 2016 година при кој загинаа поголемиот дел од фудбалската експедиција на бразилскиот клуб Шапекоенсе и вкупно 71 човек.
Монастерио тогаш била главен специјалист за безбедност на авионот што требаше од рутата во Санта Круз дела Сиера да слета во Меделин, Колумбија.
Според истрагата Монастерио не постапила според правилата и строгите протоколи за летање и не предупредила дека авионот нема доволно керозин за да стаса до предвидената дестинација.
Авионот на боливиската компанија „Ламија“ имал над 2.300 литри керозин помалку од потребното за да стаса до Меделин, каде Шапекоенсе требаше да го игра мечот во финалето во Копа Судамерикана против колумбиски Национал.
Потоа се случи страотната несреќа и речиси целата фудбалска експедиција на Шапекоенсе настрада, а вкупно имаше 71 жртва.