На Павард му здосади доминацијата на Баерн, со брутален старт го „искрши“ поранешниот играч на Баварците (Видео)

Бенжаман Павард доби директен црвен картон во 48.минута против Гројтер фурт и Баерн речиси цело второ полувреме игра со фудбалер помалку во премиерниот меч од шестото коло во Бундеслигата.

Францускиот ас при резултат од 2:0 за гостите од Минхен со брутален старт го сопре Џулијан Грин во опасна ситиуација, а прекршокот беше брутален и за среќа без последици за играчот на Гројтер фурт.

Интересно е што Грин беше играч на Баерн Минхен од 2010 до 2016 година, но има настапи само за втората екипа на Баварците и честопати беше на позајмици во други клубови.

Од 2018 година е играч на Гројтер фурт и лани со 9 гола беше еден од најзаслужните за промоцијата во Првата лига на Германија.

Баерн и со играч помалку на терен постигна уште еден гол, а автогол во 68. минута си постигна Гризбек за убедлива предност на гостите од 3:0 во Фурт.

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести