Рестартот на Меси е во вторник, ќе игра за ПСЖ против Манчестер сити во ЛШ

Лионел Меси денеска нема да игра за Пари Сен Жермен против Монпелје во меч од француската лига, но и тој и Марко Верати според најавата на „Л`Екип“ ќе бидат подготвени за многу поважниот дуел против Манчестер сити во Лигата на шампионите, закажан за вторник.

Аргентинецот стартуваше скромно во дресот со број 30 за ПСЖ, па потоа се повреди на дуелот со Лион пред една седмица и го пропушти дуелот во Лига 1 против Мец, а и денеска не е во комбинација за мечот со Монпелје.

Меси се уште го чека првиот гол за популарните Светци, а прва следна шанса ќе биде дербито од второто коло во Лигата на шампионите против Манчестер сити.

ПСЖ речиси сигурно ќе биде посилен и за Марко Верати на тој меч што ќе се игра на „Паркот на принцовите“ во Париз на 28. септември од 21 часот.

Францускиот првак со Меси во тимот скромно со реми 1:1 против Бриж ја почна новата авантура во Лигата на шампионите. Сега ќе му бидат домаќини на Манчестер сити во дербито на двата големи фаворити во А групата, во која игра и бундеслигашот Лајпциг.

 

- Оглас -

Најнови вести