Екипата на Вардар одигра само 2:2 на домашен терен против Беса 1976, во меч од петтото коло од втората фудбалска лига – запад, во нашата држава.
За „црвено-црните“ ова е второ реми досега, но, разочарувачки е дека по пет одиграни натпревари имаат само еден триумф.
Вардарци до последните мигови ги имаа трите бода в „џеб“, со головите Филип Петковски во 41. и 52. минута, откако претходно гостите поведоа преку Хакан Лимани.
Сепак, во 90. минута, радост за Беса донесе Мухамед Бекир и со тоа дојде до делба на бодовите.
Вардар по пет кола има исто толку бодови и се наоѓа на шестото место, додека, пак, Беса има два пвеќе и е под број четири. На лидерското место во моментов се наоѓа Силекс кој има максимален скор од 15 бодови.