Фудбалската федерациија на Бразил одлучи да повика осум фудбалери кои настапуваат во Премиер лигата за претстојните квалификации за Светското првенство во Катар.
Како што е познато, на последните квалификациски натпревари, екипите од Англија одлучија да не ги испратат своите најдобри фудбалери во Јужна Америка, поради тоа што земјите од овој континент се на „црвената листа“ според ковид протоколите на Британија, па ќе мора да седат 14 дена во карантин.
Станува збор за Алисон и Фабињо од Ливерпул, Едерсон и Габриел Жезус од Манчестер сити, Тијаго Силва и Фред од Челзи и Манчестер јунајтед, како и Рафиња (Лидс) и Емерсон Ројал (Тотенхем).
Како што е познато, пред неполн месец, дел од фудбалерите што од Островото заминаа да играат за своите јужноамерикански репрезентации, мораа да заминат порано, за да одат во Хрватска, од каде што се упатија кон Англија.
Дел од нив беа и Емилијано Мартинез и уште неколку играчи од Аргентина, поради кои беше прекинат натпреварот токму со Бразил.