На дербито во Струмица нема да има повеќе од два гола

Како ретко кога, по седум одиграни кола во македонската Прва лига, дури четири екипи имаат ист број на бодови и се борат за лидерското место. Шкупи е со најдобра гол разлика па затоа е лидер, а Академија Пандев е втора поради еден гол повеќе примено. Токму овие две екипи денеска од 18 часот ќе играат на Спортскиот центар „Горан Пандев“ во дербито на осмото коло.

Академија Пандев во четирите меча на свој терен сезонава има три победи и едно реми, а Шкупи на гости има победа, пораз и две нерешени. Ако се погледне традицијата на меѓусебните средби, од последните 12, дури 10 се завршени со 0-2 гола. За оние кои се похрабри обложувачи може да играат и 0-1 гол, затоа што осум пати било со максимум еден погодок во последните три години на мечевите на овие екипи.

Ренова и Работнички се екипите кои исто така имаат по 14 бода и денеска играат на свој терен што значи дека ќе бркаат нови три бода. Ренова е домаќин на Брегалница, а Работнички за ривал го има Пелистер, кој досега освои само два бода.

Двојки за 8. коло: Борец – Скопје, Работники – Пелистер, Ренова – Брегалница, Струга – Шкендија, Тиквеш – Македонија ЃП (мечевите почнуваат во 15 часот). Од 18 часот ќе играат Академија Пандев – Шкупи.

 

- Оглас -

Најнови вести