Паоло Дибала во моментов е можеби и најдобриот фудбалер на Јувентус, а тоа го покажа на мечот против Сампдорија.
Аргентинецот во десеттата минута постигна навистина убав гол и тоа од нешто помалку од 20 метри и го покажа сиот свој квалитет што го има.
https://www.youtube.com/watch?v=B91VNyCbOSg
Но, само неколку моменти подоцна, го напушти теренот во солзи поради повреда, а на негово место влезе Дејан Кулушевски. По првиот дел, „старата дама“ води со 2:1 на домашен терен.
Останува да се види колку време Дибала ќе отсуствува од терените, а со сигурност нема да биде на располагање на Масимилијано Алегри за дуелот против Челзи во среда.