Распад-систем на дрим тимот – Мбапе се жали, Нејмар не му додава (Видео)

Килијан Мбапе се пожали дека Нејмар го игнорира на теренот и не му ја додава топката, а камерите ја фатија француската ѕвезда како објаснува дека е игнориран од Бразилецот.

Дрим тимот на Пари Сен Жермен има премногу ѕвезди во тимот и иако гази сè пред себе во Франција, атмосферата не е најдобра во екипата.

Мбапе излезе од игра во 88-мата минута на мечот со Монпелје и е фатен од камерите како му објаснува на својот соиграч Идриса Геј дека Нејмар го игнорира на теренот и не му ја додава топката.

Претходно и Лионел Меси предизвика многу коментари со потегот на дуелот против Лион кога тренерот Маурисио Покетино го замени во финишот.

Меси одби да се поздрави со својот сонародник незадоволен од одлуката да биде сменет. Потоа се покажа дека Лионел е повреден, но и таа ситуација и недоразбирањата меѓу Мбапе и Нејмар, потоа и незадоволството на Донарума, кој е резерва, се потврда дека ќе биде тешко да се вклопат сите големи ѕвезди на ПСЖ во една целина.

Утре е вистински тест за францускиот тим на дуелот против Манчестер сити во дербито на второто коло во фазата по групи во Лигата на шампионите.

Најавено е враќање на Меси, а ПСЖ ќе се обиде да го коригира киксот од првото коло, кога беше изненаден од Бриж со реми 1:1 на гостински терен.

 

 

- Оглас -

Најнови вести