Во „Куќата на фудбалот“, со извлекување беа одредени осминафиналните парови во Купот на Македонија. Актуелниот освојувач на Купот, Силекс, во претходната рунда не играше, а сега се приклучува и за противник ја доби струмичката Беласица. Во локалните дербија, Вардар ќе го пречека Скопје, додека Шкендија ќе игра против Ренова.
Двојките се: СТРУГА ТРИМ-ЛУМ – БОРЕЦ 1919, АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ – МАКЕДОНИЈА Ѓ.П., ШКЕНДИЈА – РЕНОВА, ВАРДАР – СКОПЈЕ, БРЕГАЛНИЦА – ОХРИД ЛИХНИДОС, БЕЛАСИЦА – СИЛЕКС, ПЕЛИСТЕР – РАБОТНИЧКИ, ШКУПИ 1927 – ТИКВЕШ 1930.
Ќе се игра само еден натпревар, без реванши. Натпреварите од осминафиналната фаза ќе се одиграат на 20-ти октомври, со почеток во 14 часот.