Еден по еден: кој има подобар тим во дуелот на милијардерите?

Кога Лионел Меси му се придружи на Пари Сен Жермен и формира магично трио со Нејмар и Мбапе, многумина рекоа дека нема потреба да се игра Лигата на шампионите, туку титулата да им се додели на парижаните. Но, вечерва е вистинскиот тест за можностите на супернападот на ПСЖ на европска сцена.

Засега Меси, Нејмар и Мбапе не ги уништија противниците на ниту еден меч на којшто играа заедно. Граѓаните немаат таков напад, но имаат воигран тим кој нема слаба точка, затоа се и фаворити според квотите на обложувалниците. Англискиот првак има малку поскап тим според вредноста на играчите, има и трофеен тренер, за разлика од Светците. Двата тима вредат околу 1 милијарда евра.

Ако се направи споредба на најавените почетни состави, има позиции на кои во предност е едниот, а на некои другиот тим.

Еден по еден, тоа изгледа вака: Донарума-Едерсон, Хакими-Вокер, Маркињос- Рубен Диаш, Кимпембе-Лапорт, Нуно Мендеш-Кансело, Гај-Родри, Ерера- Де Бројне, Верати-Бернардо Силва, Меси-Грилиш, Нејмар-Марез, Мбапе-Феран Торес.

На клупата на ПСЖ се: Кејлор Навас,  Дагбо, Диало, Курзава, Паредес, Вајналдум, Дракслер, Икарди, а надвор од конкуренција се Серхио Рамос, Ди Марија, Бернат.

Резерви во Сити се поединци, како Стоунс, Фернандињо, Фоден, Стерлинг, Габриел Жезус, а нема да играат Гунгодан, Зинченко и Менди.

- Оглас -

Најнови вести