Екипата на Ајакс води по првото полувреме против Бешикташ со 2:0 благодарение на головите на Стивен Бергвајн во 17-тата и Себастијан Але во 44-тата минута.
Но, најзаслужен за водството на тимот од Холандија е Душан Тадиќ, кој уште еднаш покажа дека е фудбалски виртуоз. Одлично промина по левата страна, исфрлајќи неколку играчи на Бешикташ, а потоа само ја подаде топката кон Бергвајн, кој исто така упати добар удар.
Во вториот меч од овој термин, Шахтар и Интер играат 0:0. Гостите во неколку наврати сериозно се заканија, а најблиску до водство беа преку Барела, кој упати убав удар од далечина, кој заврши само во пречката.
https://youtu.be/hpGBbZ05bkU