Франк Кеси доби црвен картон на мечот меѓу Милан и Атлетико Мадрид и мораше да го заврши предвреме својот настап. Играчот од средината на теренот беше невнимателен и направи остар старт, кој судијата Гунејт Чакир го окарактеризира како втор жолт, а тоа значеше и предвремено „ладење“ под туш.
Ваквата одлука не им се допадна на Росоњерите, кои бурно реагираа.
Милан има водство со голот на Рафаел Леао, но сега им следува далеку потешка задача да го одбранат својот гол.
https://twitter.com/ifast222/status/1442935330861060099