Две супердербија „бодат очи“ во новото коло на Спортска прогноза

Седмото коло сезонава на бесплатната Спортска прогноза интересно го прават неколку дерби-дуели, од кои два се во центарот на вниманието. За да се погодат сите 13 натпревари и да се освои „ајфон 12“, потребно е точно да се типува и на мечевите Атлетико Мадрид – Барселона и Ливерпул – Манчестер сити. Од тие што досега типувале, повеќе прогнозери им веруваат на домашните отколку на гостинските екипи.

Прогнозирањето трае до сабота од 15.30 часот, термин во кој почнуваат два меча од ова коло на Спортска прогноза. Има и други интересни дуели, како на пример: Аталанта – Милан, со којшто в недела вечерта завршува колото и ќе се знае дали има освојувачи на премијата „ајфон 12“, или ваучери од Sport Life од 1.000 и 500 денари за 12-ка, односно 11 погодоци од основната понуда. Важно е да се погодат и двете резервни двојки бидејќи тие поени се пресметуваат во генералниот пласман.

Сè што треба за учество во бесплатната игра која Sport Life и Спорт Манија ја организираат четврта година по ред е да имате СЛ картичка, која исто така е бесплатна и може да се добие на уплатните места.

 

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести