Пред една година играше без да земе плата, сонуваше настап во ЛШ, а го урна Реал Мадрид

Фантастичниот гол на Себастиен Тил, со кој дебитантот во Лигата на шампионите, молдавски Шериф Тираспољ, дојде до сензационална победа на гостувањето кај големиот Реал Мадрид, придонесе пошироката јавност да се запознае со првиот фудбалер од Луксембург кој дал гол во ЛШ.

На левата нога, со која го даде феноменалниот погодок, Тил има впечатлива тетоважа, која му ја открива желбата: трофејот од Лигата на шампионите. Можеби нема да го освои ушлестиот пехар, но барем цел свет зборува за него.

А, само пред една година, Тил се чудеше каде да ја продолжи кариерата откако неговиот тогашен клуб, Тамбов од Русија, пропадна. Тил играше за Тамбов без пари, а потоа замина во Шериф (молдавски клуб за кој синоќа против Реал не играше ниту еден Молдавец) и тоа му го отвори патот до славата која ја стекна синоќа, со најубавиот и најважен гол во неговата кариера.

Инаку, Себастиен е од фудбалско семејство, баба му и дедо му биле фудбалери, како и неговите татко и мајка. И неговите двајца помлади браќа, Оливие (24) и Венсан (21) се фудбалери и играат во украинска Ворскла. Сите тројца се репрезентативци на Луксембург, земја која до синоќа немаше стрелец во ЛШ.

- Оглас -

Најнови вести