Езекиел Гарај е добро познато име во фудбалската јавност. Некогашниот играч на Реал Мадрид, Зенит, Бенфика и ред други великани ја заврши својата кариера на крајот на минатата сезона, а сега целосно ја смени професијата и очигледно добро му оди.
Гарај основаше градежна компанија, која изгради елитна населба во Валенсија, а за краток временски период успеа да заработи повеќе од седум милиони евра.
„Ви го претставувам овој голем проект за којшто сонував од мал. Сите во животот имаме соништа, а мојот се оствари сега“, напиша Гарај на социјалната мрежа „Инстаграм“.
Луксузната населба се вика „Гаргор Луксури“, а една куќа вреди повеќе од 500 илјади евра. Интересно е што Аргентинецот токму во Валенсија ја заврши својата кариера, во која освои голем број трофеи.
View this post on Instagram