Историја за Елмас, го постигна најбрзиот гол за тим од Италија во Лигата на Европа (Видео)

Елиф Елмас се запиша во историјата и на италијанскиот фудбал и на Лигата на Европа со погодокот за Наполи во 11-тата секунда вечерва против Спартак Москва.

Нашиот репрезентативец со убав удар ја затресе мрежата на рускиот тим и тоа е најбрзиот гол за италијанска екипа во историјата на Лигата на Европа.

Napoli 1-0 Spartak Moscow – Elif Elmas 1′ from soccer

Сепак, голот не е и најбрз во историјата на ова натпреварување и е рангиран како четврт вкупно според времето на постигнување.

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести