Германија го објави списокот за дуелот со Македонија

Селекторот на германската фудбалска репрезентација, Ханси Флик, го објави списокот на играчи на кои ќе смета за претстојните два меча од квалификациите за пласман на Светското првенство во Катар. Германија на 8 октомври дома ќе игра против Романија, а потоа на 11 октомври ќе гостува во Скопје против Македонија.

Токму и Македонија му го нанесе единствениот пораз на четирикратниот светски првак во досегашниот дел од квалификациите. Нашите момци победија на гости со 2:1 во Дуисбург, а во Скопје се надеваме на уште едно чудо.

- Оглас -

Најнови вести