Го здробија Фенербахче, па удрија каде што боли: Истанбул е наш град

Олимпијакос го декласира Фенербахче во Истанбул со 3:0 во големото дерби на лутите ривали од Грција и Турција, а масло на огнот во кревките односи на двете земји долеа сопственикот на гостинскиот тим Евангелис Маринакис.

„Истанбул е наш град и очекував сигурна победа“, изјави Маринакис веднаш по мечот.

Изјавата предизвика бура од коментари на социјалните мрежи и различно расположение во двата табора и во двете земји. Турците се бесни на изјавата на грчкиот могул, а Грците ликуваат по големата победа од 3:0 во Истанбул.

 

- Оглас -

Најнови вести