Македонија е во вториот шешир за ждрепката за Лига на Нации, не може да игра против Грција

Македонија нема да може да игра против Грција во новото издание на Лигата на Нации, откако двата соседи и големи ривали се најдоа во истиот шешир, втор по квалитет во Ц сегментот за ждрепката што ќе се одржи на 16. декември во Швајцарија.

Противници не можат да ни бидат ниту Белорусија и Луксембург, кои се со нас и Грција во вториот шешир.

Носители во Ц сегментот при ждрепката за третото издание на Лигата на Нации ќе бидат Труција, Словачка, Бугарија и Северна Ирска, во третиот шешир се Литванија, Грузија, Азербејџан и Косово и во последниот и најслаб по квалитет се Казахстан, или Молдавија, Кипар, или Естонија, Гибралтар и Фарски острови.

Казахстан и Молдвија, односно Кипар против Естонија во март идната година ќе играат баражи за опстанок во Ц дивизијата во Лигата на Нации, па дури тогаш ќе се знае кои две од овие четири селекции ќе можат да ни бидат противници.

Се уште се чека одлуката на УЕФА дали по стариот терк победниците во секој Сегмент од А до Д ќе играат на Европското првенство во Германија во 2024 година.

Македонија токму преку Лигата на Нации во премиерното издание беше шампион во Д сегментот и успеа да се избори за настап на историско Европско првенство што го одигра ова лето во Букурешт и во Амстердам.

Според планираниот распоред мечевите во шест кола во Ц сегментот ќе се играат од втори јуни до 27 септември идната година.

 

 

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести