Дуелот меѓу Ауе и Хамбург во втората Бундеслига ќе се памти уште долго и тоа поради погодоците кои беа постигнати. Средбата заврши 1:1, а двата погодоци беа бизарни.
Домаќините поведоа во 23 минута, а случаен стрелец беше Јоњиќ. По еден центаршут, гостинскиот стопер со глава ја исфрли топката, но таа го погоди директно Јоњиќ во главата и заврши во голот.
Хамбург се спаси од пораз буквално во последните секунди од средбата и тоа благодарение на неверојатниот автогол на Карлсон. Дојл се обиде да го лобува домашниот голман, топката удри во пречката и се врати во петерецот, а КАрлсон иако непречен од никого, наместо да ја исфрли во корнер, ја затресе сопствената мрежа.