Пандев не даде гол поради соиграчот, па Салернитана се радуваше по 20 години чекање

Џенова загуби на гости кај Салернитана во меч на двете екипи кои ќе се борат за опстанок во Серија А. Милан Ѓуриќ беше стрелец на голот за домаќините во 66 минута, а на крајот тој погодок се покажа како доволен за радост на Салернитана.

За Салернитана ова е прва победа во седмото коло од италијанското првенство, а има големо значење затоа што цели 20 години немаа радост во елитното италијанско фудбалско друштво. Неколку минути по примениот гол, за Џенова влезе Горан Пандев.

Токму со влегувањето на Пандев, нападот на Џенова стана поопасен, па во 83 минута гостите ја имаа најдобрата шанса. Топката беше уфрлена во петерецот каде што чекаше Пандев, но пред него топката лошо ја удри Екубан и буквално му ја тргна на Пандев од нога, па заврши покрај голот. Доколку Екубан не ја допреше топката, Пандев ќе имаше чиста позиција да го погоди празниот гол од неколку метри.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести