Пропушти да заигра за репрезентатијата затоа што бил да лови риби

По завршувањето на викенд клупските возбудувања, најдобрите фудбалери ќе се фокусираат на репрезентативните обврски. Следуваат денови за квалификациите за Светското првенство во Катар, но и период во кој дел од селекциите ќе играат контролни мечеви.

Малезија отпатува на пријателски меч против Јордан, а селекторот Датук Мохд имаше проблеми со многу повредени играчи. За да го комплетира тимот, Мохд решил дополнително да го повика Мохду Шахрул Низам Рос Хасни да дебитира за националниот тим.

Сепак, фудбалерот не отпатува со репрезентативата и тоа поради бизарна причина. Кога селекторот сакал да му се јави на играчот и да го повика, тој бил недостапен на мобилниот телефон. Неколку часа траела „потерата“ по фудбалерот, а на крајот се откажале и селекцијата отпатувала без него.

Хасни во тој период кога го барале да се приклучи на репрезентацијата бил на риболов и во тој дел од морето немало сигнал. Дури кога се вратил на копно, сфатил дека селекторот го барал да го повика во репрезентацијата, но било доцна.

„Како стратег имам доживеано многу работи, но вакво нешто никогаш. Тренерот на неговиот тим ме извести дека Хасни бил на море да лови риби и дури кога се врати разбрал дека требало да игра за репрезентацијата. Се надевам дека ова нема повторно да му се случи“, рече Мохд, селекторот на Малезија.

Малезија моментно е на 154 место на светската листа на ФИФА, а освен против Јордан ќе игра натпревар и против Узбекистан.

 

- Оглас -

Најнови вести