Вардар како гостин со 3-0 го победи Кадино, со три гола во второто полувреме, и ги задоволи своите навивачи кои во голем број дојдоа во ова село во околината на Скопје да ги бодрат Црвено-црните. Костовски дад два гола, а на крај погоди и Љамчевски, за убедлив триумф на најтрофејниот македонски клуб кој првпат игра во второлигашка конкуренција.
Фудбал се играше и во првата лига. Шкупи со погодоците на Адетунџи и Трапановски, со 2-0 го победи Работнички. Со новите три бода, чаирчани го презедоа првото место на табелата, со 20 бода, два повеќе од Ренова, а пет плус во однос на Академија Пандев и Работнички.