Фудбалерот Хулијан Араухо во иднина ќе игра за репрезентацијата на Мексико, иако има еден настап во дресот на националниот тим на САД. Араухо лани во декември играше за сениорскиот тим на САД против Ел Салвадор во победата од 6-0, а претходно играше за САД и во младинските категории.
Но 20-годишниот Араухо, кој има и мексиканско државјанство, сепак реши да игра за Мексико, а не за САД. Интересно е што наредниот официјален меч на Мексиканците е во ноември токму против САД, па фудбалерот на Лос Анџелес галакси би можело во дресот на Мексико да дебитира токму против САД, која му е родна земја.