Вајли ќе почека за деби, Црвена ѕвезда го победи Будуќност во дербито на АБА-лигата

Црвена ѕвезда го победи Будуќност со 71:63 во дерби-мечот од второто коло на АБА-лигата.

Македонскиот репрезентативец Џејкоб Вајли, кој летово потпиша за тимот од Црна Гора ќе почека за дебито бидејќи сè уште е недоволно закрепнат од повредата на мускулот на левата нога.

Во една голема борба во полната сала „Александар Николиќ“, ѕвезда на крајот се радуваше иако и гостите имаа свои шанси. Домашниот тим имаше водство во најголемиот дел од средбата, освен во третата четвртина, којашто им припадна на гостите, и тоа со 8:18.

Сепак, во последната четвртина Црвено-белите тргнаа фуриозно со серија од 11:0, која им донесе водство од 56:47, а истото тоа успешно беше одржано по истекот на 40-те минути.

Најефикасен на оваа средба беше Лука Митровиќ со 19, додека, пак, кај Будуќност предводник беше Денис Сили со 17 поени.

- Оглас -

Најнови вести