Депај: Како може да ми биде криво што потпишав за Барселона?

Роналд Куман инсистираше на доведување на Мемфис Депај во Барселона, желбата му беше исполнета, го има својот сонародник во екипата, иако тоа заедно со трансферот на Серхио Агуеро и останувањето на Антоан Гриезман значеше заминување на Лионел Меси, за кого клубот немаше пари.

Депај имаше неколку блесоци во дресот на Барса, тој е најопасен играч во тимот на Куман, но некогаш е „невидлив“ на терен. Ексиграчот на Лион не мисли дека направил грешка што преминал во каталонскиот гигант.

При пристигнувањето на подготовките во националниот тим на Холандија, напаѓачот беше запрашан од новинар на ЕСПН дали жали за изборот на клуб.

„Како може да ме прашате такво нешто? Тоа е Барселона човеку. Знаете ли каков голем клуб е тоа? Знаете ли какво е чувството за еден фудбалер кога ќе потпише со Барселона? Никогаш нема да зажалам”, одговори Мемфис, кој има три гола и една асистенција на девет меча за Барселона во Ла Лига и Лигата на шампионите.

- Оглас -

Најнови вести