Прогнозерите ја одбраа Унгарија за најголем фаворит

Веќе започна типувањето за осмото коло на Спортска прогноза, кое ни нуди квалификациски натпревари за Светското првенство во Катар, каде што главна премија и овојпат е прекрасниот „ајфон 12“.

Само по еден изминат ден од новото коло, прогнозерите имаат свои фавороти, а најмногу се истакнува мечот Унгарија – Албанија. Дури 91 процент сметаат дека трите бода ќе останат на „Ференц Пушкаш“ арената, додека само 2 отсто сметаат на сензација и гостинска победа.

Во нерешен резултат веруваат малку повеќе од 6 отсто.

Втор најголем фаворит во ова коло, според прогнозерите, е Босна и Херцеговина, којашто гостува кај Казахстан. Триумф на БиХ ќе усреќи повеќе од 86 отсто од играчите. За „икс“ се изјасниле малку повеќе од 11 отсто, а во три домашни бода веруваат 2 проценти.

Sport Life во секое коло за погодени 13 пара како премија нуди „ајфон 12“, а има и награди и за едно и две утки. За погодени 12 меча се доделува ваучер од 1.000 денари, што може да се одигра во Sport Life, а со 11 точно прогнозирани мечеви следува ваучер од 500 денари.

Сè што треба за учество во бесплатната игра која Sport Life и Спорт Манија ја организираат четврта година по ред е да имате СЛ картичка.

- Оглас -

Најнови вести