Тео Ернандес, левиот бек на Милан, се претвори во јунак на француската фудбалска репрезентација откако со својот убав гол во финишот на Галските петли им донесе победа со пресврт над Белгија и финале во Лигата на нациите.
За Тео ова е незаборавна вечер која ќе ја памети до крајот на животот. Тој вчера наполни 24 години, а вечерва првпат заигра за националниот тим заедно со неговиот брат Лукас и првпат даде гол, и тоа каков и колку значаен.
Во француската селекција речиси еден век не се имаше случено во почетниот состав да бидат двајца браќа. Пред Тео и Лукас Ернандес, единствен таков случај биле Жан и Лусиен Лорен во далечната 1932 година.