Мундијалот е реалност: Македонија е втора во групата за СП!

Германија со пресврт во второто полувреме успеа да ја победи Романија со 2:1, додека Исланд и Ерменија ремизираа 1:1, во двата меча од групата Ј, каде што е и Македонија, во квалификациите за Светското првенство. Овие резултати се во корист на Македонија, која вечерва без проблеми со 4:0 славеше на гости кај Лихтенштајн.

По седум одиграни кола, Германија е лидер со 18 бодови, сега Македонија е втора со 12 бодови, колку што има и Ерменија, но ние имаме многу подобра гол разлика. Романија е на четвртото место со 10 бодови и тие имаат шанси во трка за освојување на второто место во групата. Исланд е со само 5 бода и нема шанси, додека Лихтенштајн е фенерџија со само еден бод од седум меча.

Германија на полувреме губеше во Хамбург од Романија кога Хаџи погоди во деветата минута. Сепка, во вториот дел Панцерите со погодоците на Гнабри и Милер направија целосен пресврт за триумф од 2:1. Ерменија водеше со 1:0 на полувреме кај Исланд, но домаќините во вториот дел се вратија во игра и со погодокот на Јохансен во 77 минута израмни на 1:1. Токму тој погодок скина два бода на Ерменија, па Македонија скокна на второто место во групата.

 

- Оглас -

Најнови вести