Коефициентите за Македонија – Германија се исти како во март, нека биде и резултатот ист

Коефициентите за мечот меѓу Македонија и Германија се речиси исти како и за првиот дуел во Дуисбург кога ги изненадивме Панцерите и славевме со 2:1.

Sport Life веќе ги објави квотите за мега-дуелот во Скопје и повторно четирикратниот светски првак е голем фаворит со коефициент од 1.25 за победа.

Македонија ако успее да направи уште еден спектакуларен подвиг и пак ја победи Германија ќе си ги помножите парите со коефициент од 11.3 во Sport Life.

За реми што и не би бил воопшто лош исход за нас коефициентот е точно 6.00. Слични беа квотите и за првиот меч што воопшто го сме го играле против Германија, на 31. март во Дуисбург и тогаш ги нокаутиравме фаворитите со победа од 2:1 со головите на Пандев во првото полувреме и на Елмас во финишот на мечот.

Вкупно за мечот против Германците, што ќе се игра празнично на 11. октомври во понеделник на националната арена „Тодор Проески“, Sport Life подготви богата понуда од 548 најразлични комбинации на игри.

 

- Оглас -

Најнови вести