Голманот на Баерн Минхен, Мануел Нојер, нема да брани на гостувањето на Германија кај Македонија в понеделник вечер на „Тодор Проески“, а селекторот Ханси Флик, на тренинг дополнително го повика Даниел Хојер Фернандес, чуварот на мрежата на второлигашот Хамбургер.
Марк Андре Тер Штеген кој бранеше против Романија, доби одмор и не тренираше денеска, но тој е фаворит да го почне мечот со Македонија на голот на Панцерите, пред Бернд Лено од Арсенал.
Нојер тренира индивидуално и поради повреда не се појави на мечот со Романија, а сега дефинитивно отпадна и за Македонија, што е добра вест за Рисовите, иако и другите германски голмани се одлични.