Изминативе години безброј млади фудбалери го напуштија Вардар а притоа клубот речиси и да не доби никаква сума за обесштетување. Но, очигледно тоа со новото раководство ќе се промени.
И покрај тоа што најтрофејниот наш клуб се наоѓа во втората лига, вардаровата школа е една од најдобрите во нашата држава, а токму тоа го знаат и од Бешикташ.
Бајрам Билим, кој е шеф на скаутинг службата на овој турски гигант беше во посета на Вардар, каде што беше остварена средба со раководството на тимот, и е најавена долгогодишна соработка.
Јасна е идејата на Бешикташ, а тоа е кога во наредните години ќе излезе некој нов бисер од Вардар, да имаат предност за негов ангажман, а клубот секако ќе добие и убаво обесштетување, нешто што и те како му е потребно по финансискиот колапс.