Тајсон Фјури беше среќен после победата над Дионте Вајлдер, па кога го зеде микрофонот во рингот, не ја пропушти приликата и да запее нешто за „душа“ на публиката во Лас Вегас. Фјури „на суво“ ја отпеа серенадата „Walking in Vegas“, а на крај потсети дека е Британец, па почна да вика „Ланкашир лалала“, песна која ја пејат фановите на англиските фудбалски клубови Престон норт енд и Барнли.