Германците со „мал милион“ барања, а во Скопје доаѓаат со свои готвачи, опрема и справи за вежбање

Репрезентацијата на Германија денеска ќе пристигне во Скопје, а ќе престојува во еден познат хотел. Според информациите до кои дојдовме, тие имаат барања испечатени на повеќе од 20 страни, а имаат и резервирано повеќе од 80 соби.

Но, интересен е податокот дека тие со себе ја носат целата своја „машинерија“, односно во нашиот главен град доаѓаат со свои готвачи, опрема, како и справи за вежбање со цел што подобро да бидат подготвени за Македонија.

Целта на Ханси Флик е јасна, а таа е да нема нов „ладен туш“ за нив, како што тоа беше случај во март. За неколку моменти ќе започне нивната прес конференција на која што селекторот на „панцерите“ ќе открие дел од своите планови за утрешниот меч.

- Оглас -

Најнови вести